Connect with us

Шахтјор Доњецк без најдобриот фудбалер до крајот на сезоната

Украинскиот гигант Шахтјор Доњецк остана без најдобриот фудбалер до крајот на оваа сезона. Ласина Траоре сигурно ќе отсуствува од терените една година, потврдија од Шахтјор.


Тој сериозно го повреди коленото на дуелот со Интер и го напушти теренот со амбулантно возило.

Дополнителните прегледи покажаа дека повредата е сериозна, и дека се скинати лигаментите на коленото.
„Операцијата ќе следи за две недели. Закрепнувањето ќе трае од девет месеци до една година“, објавија од Шахтјор Доњецк.


Фудбалерот од Буркина Фасо е првата ѕвезда на Шахтјор. Тој постигна шест гола на седум настапи оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови