
Шкендија ја пречекува Струга Трим Лум во Тетово, а Вардар на Арената е домаќин на Брера во денешните први полуфинални натпревари од Купот на Македонија.
Мечт во Тетово ќе се игра без публика поради казната која ја доби Шкендија, како последица на случувањата пред натпреварот со Брера, кога нејзините навивачи пееја за време на едноминутниот молк во чест на жртвите од трагедијата во Кочани.
Ова ќе биде првиот од вкупно пет натпревари на кои Шкендија ќе мора да биде домаќин пред празни трибини.
Свој коментар за тоа што може да се очекува од овој меч даде капитенот на Струга Трим Лум, Буњамин Шабани.
„Не мислам дека ние имаме некаква предност. Искрено, сметам дека е грев да се игра полуфинален натпревар од Купот без публика на тетовскиот стадион. Понекогаш притисокот од навивачите е голем, но истовремено и задоволство – фудбалот на крајот се игра за нив. Утре не очекува првиот полуфинален меч од Купот против Шкендија. Иако ќе се игра без публика, очекувам многу интересен и многу важен натпревар за нас како екипа. Особено ме радува атмосферата во тимот – многу е позитивна, што е важно, особено по убедливата победа во првенството против Пелистер“, изјави Шабани.
Реваншот се игра за две седмици во Струга.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
