
Жорис Њањон е француски дефанзивен играч кого Севилја го доведе од Рен во 2018 година за 13,5 милиони евра. Но, сега тој доби отказ од шпанскиот прволигаш поради прекумерната тежина и фактот дека физички не е подготвен за професионален фудбал, пренесува „Марка“.
Њањон одигра 17 натпревари за Севилја, од кои седум во Ла Лига, четири во Копа дел Реј и шест во Лига Европа, сите во сезоната 2018/19, негова прва во шпанскиот тим. Оттогаш, тој не можеше да се избори за место во составот со својот пристап на тренинзите.
Севилја повеќе не сакаше да го толерира недостатокот на професионализам и го отпушти францускиот дефанзивец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
