Севилја доживеа нов тежок пораз во Ла Лига, на домашен терен, каде беше поразена од Хетафе со 0-3. Андалузијците на тој начин го забележаа 11. последовен натпревар во шпанскиот шампионат без триумф, па сега се на 16. место со 13 бодови.
Севилја брзо реагираше и веднаш по натпреварот му даде отказ на тренерот Диего Алонсо, кој не забележа триумф во Ла Лига и во Лигата на шампионите каде завршија на последното место на табелата.
Алонсо ги забележа единствените две победи во Купот на кралот против нисколигаши, јасно е дека тоа не е доволно за клуб со европски амбиции, па Севилја ќе бара нов тренер во наредните неколку дена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













