
Суспензија од два или три натпревари ќе му биде изречена на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, за црвениот картон и неговото однесување во скандалот против Валенсија, пишуваат медиумите во Шпанија.
Англичанецот беше исклучен на крајот од ремито 2-2 со Валенсија, откако го нападна судијата Хесус Хил Манцано, кој отсвири крај неколку секунди пред Белингам да го постигне победничкиот гол во 99. минута.
„Релево“ откри што напишал судијата во својот извештај од натпреварот за овој случај.
„Веднаш по натпреварот, Белингам притрча кон мене во агресивна состојба и неколку пати ми викна: „По ѓаволите, тоа е гол!“.
Ако судиската комисија смета дека постапките на Белингам се премногу агресивни, тој се соочува со суспензија од 2 или 3 натпревари.
Претходно стана јасно дека Реал Мадрид ќе се жали на црвениот картон на својата ѕвезда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
