Connect with us

Серија А ќе остане со 20 клуба, само четири гласаа за намалување на лигата

Серија А ќе остане лига со 20 тима откако гласањето го спречи обидот на најголемите италијански клубови да го намалат бројот на учесници на 18. Во соопштението, Серија А истакна дека „сегашниот формат на Лигата со 20 екипи е потврден“, по состанокот во Милано.


Медиумите на Апенините објавија дека Интер, Јувентус, Милан и Рома се единствените четири клуба кои гласале за предлогот, no останатите 16 биле против.

Серија А додаде дека го одобрила предлогот за реформи во италијанскиот фудбал, кој ќе биде претставен на ФИГЦ следниот месец.

Лигата ќе бара поголема автономија на вонредниот генерален состанок на 11 март – модел на управување за кој претседателот на Серија А, Лоренцо Касини, претходно овој месец рече дека ќе личи на оној на англиската Премиер – лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови