Доаѓањето на Серхио Рамос во Пари Сен Жермен беше проследено со голема медиумска промоција, но тој можеби нема да одигра ниеден меч за „светците“. Елитниот дефанзивец кој изминатото лето замина од Реал Мадрид и се пресели на „Паркот на принцовите“ се соочува со големи проблеми со повредите и досега не успеа да дебитира во дресот на ПСЖ.
Оттаму се погласни се најавите дека Серхио Рамос можеби ќе си замине од Париз веќе во јануари.
Раководството на клубот го губи трпението со фудбалерот кој постојано е на листата на повредени играчи.
Како што стојат работите, Серхио Рамос нема да дебитира за Пари Сен Жермен уште некое време. Иако пред некој ден француските медиуми објавија дека дебито на Шпанецот се очекува в петок, денеска беше објавено дека Рамос не тренирал со тимот и дека нема да биде во протоколот за следниот натпревар против Анже. Исто така искусниот дефанзивец нема да игра и во Лигата на шампионите следната недела, кога ПСЖ се среќава со Лајпциг.
Француските медиуми најавуваат дека Серхио Рамос можеби ќе замине од ПСЖ во јануари и ќе се пресели во Интер Мајами, клубот што го предводи неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Дејвид Бекам.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













