Connect with us

Серхио Рамос доби луда понуда од Саудиска Арабија

Шпанскиот ветеран Серхио Рамос како роденденска честитка од Ал-Хилал доби понуда вредна 30 милиони евра. Иако имаше намера да остане во ПСЖ, тоа е речиси четирикратно поголема понуда од таа што ја има од ПСЖ за да остане уште една сезона во Париз.


По ова, Рамос сериозно ќе размисли дали да му се придружи на својот поранешен соиграч од Реал, Кристијано Роналдо, во Саудиската про лига, тврдат шпанските медиуми.

Рамос дојде во ПСЖ до 2021 година од Реал Мадрид, во првата сезона имаше многу повреди, но сега е стандарден и игра добро во дресот на „светците“.

Тој го прослави 37. роденден.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови