
Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекуваат завршните два натпревари од годинашното издание на Лигата на нации. По одличниот претходен мини-циклус и победи без примен гол, сега следуваат пресметки против Летонија и против Фарски Острови пред домашната публика во Скопје.
„Три победи по ред и тоа без примен гол звучи одлично. Јас најмногу сум среќен кога нема да примиме гол. Сигурно и останатите од одбраната. Но, тоа е резултат на тимската игра. Ни следуваат натпревари против добро познати противници против кои веќе одигравме натпревари. Противниците воопшто не се наивни, но оваа групна фаза сакаме да ја завршиме со две победи и шест бода. Ние сме професионални и без разлика во кој термин играме за Македонија секогаш го даваме максимумот“, изјави стоперот Никола Серафимов.
Македонија в четврток од 20.45 часот ја пречекува Летонија, а три дена подоцна ќе ни гостува и Фарски Острови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
