Рекордерот на Франција по бројот на титули, тимот на Сент Етјен, ќе се обиде да се извлече од тешката ситуација со назначувањето на Паскал Дупра за нов тренер.
Дупра на тренерското место го замени Клод Пуел, кој беше сменет на 6 декември и ќе добие 1,8 милиони евра обештетување.
Сент Етјен е во серија од четири последователни порази во Лига 1 на Франција и е на последното место со само 12 бода од 18 натпревари.
„Ситуацијата е компликувана. Првата задача е да победиме во првиот натпревар“, изјави 59-годишниот Паскал Дупра, поранешен тренер на Евијан, Тулуз и на Каен.
„Зелените“ во следното коло ќе го пречекаат тимот на Нант.
Сент Етјен е рекордер на Франција со 10 шампионски титули, но последен пат беше првак пред цели 40 години, во 1981 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













