Второлигашот Кит Го даде силен отпор против актуелниот првак Шкендија во Купот на Македонија, но, сепак, доживеа елиминација. Сега фокусот е повторно кон второлигашките искушенија, а тренерот Трајче Сенев очекува квалитетно издание и нови бодови против тимот на Кожуф.
„Мислам дека од натпревар на натпревар екипата игра се подобро. Младите фудбалери веќе се поотворено го демонстрираат својот квалитет. Сега не очекува натпревар во Пехчево против Кожуф на кој верувам ќе играме ефикасно. Јасно е дека не чека тежок дуел, против сериозен противник но знам дека нема да разочараме и секако желбата се три бода од утрешниот дуел“, вели Сенев.
Во тимот на Кит Го, во однос на претходниот дуел со Шкендија, ќе биде и младинскиот репрезентативец Љупче Кудев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













