Семејството Глејзер во чија сопственост е англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, не планира да го продаде клубот поради навивачките протести, објави Гардијан.
Во неделата, приврзаниците на Јунајтед упаднаа на стадионот и протестираа против раководството на „црвените ѓаволи“ пред дерби – натпреварот од 34. коло во Премиер – лигата против Ливерпул. Навивачите вршат притисок за продажба на клубот. Поради протестите, натпреварот беше одложен на неодредено време.
Навивачите на Манчестер Јунајтед им поставија ултиматум на сопствениците и им даваат рок до петок да го продадат клубот. Но, Американците не само што не планираат да се разделат со 20-кратниот шампион, туку имаат долгорочна стратегија за зголемување на вредноста на Манчестер Јунајтед.
Семејството Глејзер го поседува англискиот клуб од 2005 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski