
Воодушевениот селектор на репрезентацијата на Мароко, Валид Реграги, го нарече својот тим „Рoки на Светското првенство“ откако исфрлија уште еден од фаворитите за титулата светски шампион, тимот на Португалија. Мароканците победија со 1-0 благодарение на голот на Јусеф Ен-Несири.
Реграги смета дека неговите играчи, кои важат за аутсајдери, го покажале духот на Роки Балбоа – ликот на Силвестер Сталоне од филмот за славниот боксер и тргнале да го „освојат светот“.
„Ги победивме Шпанија, Португалија, Белгија без примен гол. Но, тоа не е чудо, тоа е резултат на напорна работа. Го направивме нашиот народ среќен и горд, нашиот континент среќен и горд“, страстно продолжи Реграги.
„Кога го гледате филмот за Роки, сакате да навивате за Роки поради неговото срце и посветеност, и мислам дека ние сме Роки на овој Мундијал. Кога сте мал тим, треба да сонувате, мора да верувате. Мислам дека тоа е голема, голема порака за светот. Мислам дека сега целиот свет е со Мароко“, додаде 47-годишниот стратег.
Мароко во полуфиналето ќе го предизвика светскиот шампион Франција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Родриго пред трансфер во Манчестер Сити
