МАКФУДБАЛ во Разград,
Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) гостува во Разград против Бугарија, на стартот на новото идание во Лигата на нации. Селекторот на Бугарија, Јасен Петров, вели дека максимално ја респектира Македонија и вели дека фудбалот е игра која треба да ги спојува луѓето.
„Се собравме по подолго време и имаме одредени проблеми, но мислам дека ги решивме. За тоа како ќе играме, веќе решивме. Фудбалот е спорт, фудбалот е игра и треба да не спојува. Јас не сум политичар и нема да кажам ништо да проблемот меѓу двете држави. Се надевам на фер-плеј, максимално го респектирам противникот и ако Македонија е фаворит, тогаш нема проблем…Утре се игра натпреварот, а ние сакаме да победиме“, изјави селекторот на Бугарија, Јасен Петров.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













