Connect with us

Секуловски: Ќе биде тежок меч во Битола, но Брегалница сака триумф

Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Марјан Секуловски, се враќа под „Тумбе кафе“ и иако секогаш има емоции за својата Битола, верува дека штипскиот состав може да оствари позитивен резултат против Пелистер во мечот од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига.


Како што истакнува Секуловски, тој и фудбалерите размислуваат единствено за нови бодови. По претходните две победи сега целиот фокус е кон нов позитивен резултат и против Пелистер.

„Не е тајна дека секогаш кај мене ќе има емоции кога е Битола во прашање, но сега како професионалец во фудбалот целокупната енергија ја насочувам за позитивен резултат против Пелистер под Тумбе кафе. Всушност сите во екипата се подготвени да го дадат максимумот за продолжување на успешните резултати. Но, не треба да има залажување. Ќе биде тежок натпревар затоа што Пелистер е екипа која согласно квалитетот не го заслужува моменталното место на табелата“, вели Секуловски.

Во Тетово, Шкендија го пречекува Работнички и посакува триумф, а „романтичарите“ ќе се обидат да останат непоразени.

Скопје е домаќин на Тиквеш, а Борец со новиот тренер Јане Николоски ќе се обиде да оствари позитивен резултат против Академија Пандев. Македонија ЃП во Ѓорче Петров ќе го пречека составот на Струга Трим Лум.

Вчера, Шкупи ја совлада Ренова со 2-1 и се одвои на пет бода позитива на врвот на табелата во Првата фудбалска лига.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови