Фудбалските репрезентации на Македонија и на Англија утревечер (20.45 часот) ќе го сефтосаат новиот тревник на арената „Тодор Проески“. Нема веќе нацијата да се срами низ Европа и светот поради очајната состојба на теренот.
Претседателот на ФФМ; Муамед Сејдини, е задоволен што за помалку од два месеци е поставен нов хибриден тревник, како и целосно нов систем за одржување и наводнување на тревата.
„Пред 50 дена, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја презеде обврската целосно да го уреди и да направи сосема нов терен на Арената „Тодор Проески“. Еве го резултатот“, напиша претседателот Муамед Сејдини на социјалните мрежи и го објави видеото од новиот тревник.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













