Connect with us

Сејдини: Честитки за фудбалерите, би помогнале за теренот ако тоа се побара од нас

Првиот човек на Фудбалската Федерција на Македонија, Муарем Сејдини, им упати честитки на членовите на сениорската и на младинската репрезентација за добрите резултати во септемврискиот квалификациски циклус, воедно истакнувајќи и благодарност до оние кои беа дел од организацијата на домашните натпревари против Ерменија и Шпанија.

Обраќањето до јавноста на Сејдини го пренесуваме во целост: 
 
Фудбалската федерација на Македонија изразува благодарност кон сите што беа вклучени во организација на натпреварите на македонската А репрезентација и македонската селекција до 21 година.
– Поставивме високи стандарди кои се однесуваат на епидемиолошките мерки и упатуваме благодарност, пред сѐ, затоа што сите ги почитуваа мерките и препораките од здравствениот протокол.

– Навистина е штета што публиката и навивачите на македонската репрезентација не можеа во живо да ги гледаат натпреварите против Шпанија и Ерменија, но мораме да бидеме одговорни и во целост да го спроведуваме државниот здравствен протокол, сѐ со цел најскоро што може да се вратиме на нормалниот живот.

– Навистина сме горди на нашите две репрезентации, на фудбалерите, стручниот штаб и сите кои се вклучени во работата на репрезентациите. Покажаа одлучност, самодоверба и почит кон дресот на македонската репрезентација. Честитки за остварените резултати и се радуваме на следните предизвици.

– Фудбалската федерација на Македонија, исто така, во рамки на своите можности и се разбира доколку тоа од нас го побараат одговорните од Националната арена „Тодор Проески“ ќе се стави во функција за подобрување на квалитетот на теренот на Националната арена, иако сосема ни е јасно дека во услови на многу натпревари и тренинзи во краток временски период, луѓето кои се одговорни за одржување на теренот дадоа сѐ од себе за негово одржување.Напред Македонија!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови