Македонскиот првак Шкупи утревечер (2-2) ќе го пречека Динамо Загреб во реванш мечот од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Тренерот Гоце Седлоски вели дека хрватскиот шампион и понатаму е фаворит, но дека Шкупи ќе го даде својот максимум со цел да оствари поволен резултат.
“Динамо Загреб е голем тим, ние не “летаме” многу и после 2-2 на “Максимир”. Се подготвивме добро, мотивирани сме максимално и верувам дека фудбалерите ќе го дадат максимумот. Нема да се браниме, ќе ја играме нашата игра и се надеваме на поволен резултат. Секако, ќе се прашува и Динамо Загреб, верувам дека ние ќе имаме голема поддршка и од публиката”, изјави Гоце Седлоски на денешната прес-конференција.

Левиот бек Блертон Шеји вели дека Шкупи е подготвен за предизвикот.
“Трениравме напорно изминативе денови и подготвени сме за предизвикот. Знаеме со каков противник ќе се соочиме и веруваме во успех”, изјави Шеји.
Мечот меѓу Шкупи и Динамо Загреб е закажан за утревечер, со почеток во 21 часот на Арената “Тодор Проески” во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













