Работнички почнува нова ера, со трофејниот стратег Гоце Седлоски на клупата. Тој денеска ќе го има дебито на кормилото на „романтичарите“ на мечот против Гостивар што ќе се одигра на комплексот на ФФМ. Засега условите за игра во главниот град Скопје се задоволителни.
Шкупи на Чаир го пречекува тимот на Македонија ЃП. Играчот за врска, Кристијан Ацковски, најави дека Шкупи посакува три бода од денешниот дуел.

„Најпрво сакам да кажам дека работевме вредно на оваа пауза, што мислам дека беше добредојдено, со оглед на тоа што имавме многу напорен календар. Во тимот владее многу позитивна атмосфера и сите го делиме истото мислење, дека на секој натпревар одиме да ги извлечеме максималните бодови. Го почитуваме секој противник, но во Чаир пред публика која ни дава безрезервна поддршка сакаме само победа“, истакна Ацковски.
Во Кавадарци, Тиквеш го пречекува составот на Брера.
Одложени се натпреварите Силекс – Вардар и Струга Трим Лум – Воска. Вчера, Брегалница и Шкендија во Штип одиграа 2-2.
ПРВА ЛИГА, 15.КОЛО (денеска, 13 часот)
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ТИКВЕШ – БРЕРА
СИЛЕКС – ВАРДАР (одложено за 6. декември)
СТРУГА ТЛ – ВОСКА (одложено за 6. декември)
Вчера: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 2-2
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













