
Италијанскиот првак Интер во завршницата од шампионатот во Серија А потклекнува во трката за титулата. Ништо чудно за Интер, по неколку лоши резултати веќе се зборува за проблеми, а „Газета дело спорт“ тврди дека и позициите на тренерот Симоне Инзаги се влошуваат.
Интер не победи против Фиорентина, загуби чекор со водечките екипи и ќе му биде тешко да ја одбрани титулата. На некој начин паузата доаѓа во вистинско време, а за две недели „нероаѕурите“ гостуваат кај Јувентус. Овој меч може да биде и круцијален за Инзаги, најавите се драматични, доколку загуби од најголемиот ривал, тешко дека ќе остане и по завршувањето на оваа сезона.
Го обвинуваат дека тимот останал без здив, не успеал доволно да ги мотивира фудбалерите, а Милан со реално послаб тим сега е во пол-позиција за освојување на титулата.
Инзаги беше во преговори да добие нов договор до 2025 до плата од 4 милиони евра по сезона, но сега тоа ќе почека. Јасна е желбата на Интер за нов тренер да го доведе Диего Симеоне.
Италијанските медиуми го споменуваат Де Зерби, кој не сака да го напушти Шахтјор, но со оглед на руската инвазија на Украина, фудбалот е последното нешто таму во моментот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими
