Connect with us

Се огласи Араухо за критиките што ги доби од Гундоган

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, одби да ги коментира зборовите на Илкај Гундоган за него по поразот од ПСЖ (1-4) во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Германецот го нападна дефанзивецот, кој заработи црвен картон по половина час игра, што многу се одрази на конечниот резултат и Каталонците до крајот на натпреварот примија четири гола.


Уругваецот изјави дека претпочита да го задржи за себе тоа што го мисли за зборовите на својот соиграч.

„Преферирам да го задржам за себе она што навистина го мислам. Имам свои вредности кои мислам дека треба да се почитуваат“, сподели Араухо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови