
Англија го објави поширокиот состав од 33 играчи за претстојниот шампионат ЕВРО 2024 ова лето. Селекторот Герет Саутгејт ги изостави поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Џордан Хендерсон, како и напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Ги нема ниту Џејдон Санчо и Рахим Стерлинг од оние кои во минатото играа важна улога.
Квартетот на Кристал Палас, Еберечи Езе, Адам Вартон, Марк Гуехи и Дин Хендерсон, се дел од тимот на „трите лава“, како и тандемот на Ливерпул, Кертис Џонс и Џерел Кванса.
Се разбира, на списокот се Хари Кејн, Џуд Белингам, Фил Фоден, но и Лук Шо, кој подолг период беше повреден и сѐ уште е неизвесно во каква здравствена состојба ќе биде до почетокот на Европското првенство.
Confirming the #ThreeLions' pre-#EURO2024 training squad! 🏴
— England (@England) May 21, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
