
Фудбалската репрезентација на Англија имаше неславен настап во Лигата на нации. По поразот од Италија од 1-0 во Милано и ремито 3-3 со Германија во Лондон, во натпреварите од септемврискиот циклус, гордиот Албион испадна во Б – дивизијата на ова натпреварување. Во таа група беше и Унгарија.
Тоа е голем неуспех, но брзо ќе се заборави во случај на добар резултат на претстојното Светско првенство во Катар.
Во Англија сега се занимаваат со причините за слабите игри и што треба да се направи за да се подобрат работите пред почетокот на Светското првенство на 20 ноември.
Тема на јавноста повторно беше стоперот Хари Мегваер и неговата улога во тимот, бидејќи овој месец не одигра баш најдобро на двата меча, но во негова одбрана застана селекторот Герет Саутгејт.
Всушност, тој му испрати порака на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, дека на Мегваер му требаат натпревари за да се врати во форма.
„Знам дека сите велат дека тој е важен за мене, но тој е важен за сите нас. Не само мене. Зошто го ставаме во тимот? Затоа што тој е еден од најдобрите играчи и ни дава најголема шанса да победиме. Сите треба да го сакаме Мегваер кој игра редовно и со самодоверба за клубот“, изјави Саутгејт.
Мегваер одигра само три цели натпревари за Јунајтед оваа сезона и неговиот тим беше поразен сите трипати. Од Брајтон, Брентфорд и од Реал Сосиедад.
Англија на Светското првенство ќе се натпреварува во групата Б, заедно со Велс, Иран и селекцијата на САД.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal