
Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, повикува на внимателност и максимална сериозност пред мечевите со Македонија и со Малта во следниот мини циклус од квалификациите за ЕВРО 2024. Тој напомена дека Англичаните никогаш ја немаат победено досега Македонија на домашен терен.
Саутгејт држеше предавање на „Лаусунд скул“, каде 11 студенти глумеа новинари на прес-конференција со Саутгејт и го прашуваа за националниот тим. Неодминлив дел беа и прашањата за следните предизвици, а тој посебно се осврна на Македонија.
„Целта на Англија е да биде европски првак на следното Еуро 2024 во Германија и ако сакаме такво нешто треба да продолжиме со победите. Но, нема да биде ништо лесно, особено не против Македонија. Верувале или не, ама Англија на домашен терен ја нема победено Македонија во историјата. Таа селекција ја елиминираше Италија од баражот за СП во Катар. Тука дефинитивно нема простор за потценување, не сакам ни да помислам дека имаме лесна задача“, изјави Саутгејт.
Посебен проблем за селекторите ќе биде и фактот што сезоната веќе ќе биде завршена, а репрезентативците ќе бидат максимално исцрпени од напорната сезона.

-
ВАРДАР ПАК Е ПРВОЛИГАШ: Убедливо го победи Скопје во баражот (ВИДЕО)
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако убедливо го победи ФК...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022/23 ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга ТЛ ја освои историската прва титула шампион на Македонија, откако излезе победник во...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Фудбалерите до 15 години подобри од Албанија

Евро-фудбал
Нејмар се договорил со Манчестер Јунајтед
