Саудиска Арабија забележа сензационална победа од 2-1 над Аргентина на отворањето на Светското првенство во групата Ц. Иако губеа на полувремето, Саудијците не се предадоа и во вториот дел направија пресврт против фаворизираните Аргентинци.
Победата на Саудијците предизвика еуфорија во земја, па кралот Салман реши утрешниот ден да го прогласи за државен празник за народот да го прослави големиот триумф.
Одлуката се однесува и на приватниот и јавниот сектор, како и на учениците и студентите во сите фази на образованието.
Охрабрена од сензационалната победа, Саудиска Арабија сега ќе се обиде да оди чекор понатаму и да се пласира во осминафиналето на Светското првенство во Катар.
Остануваат натпреварите против Полска и против Мексико.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













