Connect with us

Саудијците нудат 100 милиони евра за Бруно Фернандеш

Клубовите од Саудиска Арабија се подготвени да платат 100 милиони евра за да го ангажираат играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш. За потписот на Португалецот во конкуренција се Ал-Хилал, Ал-Наср, Ал-Итихад и Ал-Ахли, пренесува „Фишајес“.


Бруно Фернандеш е капитен на Манчестер Јунајтед и е посветен на клубот на долг рок, со договор до 2026 година, кој може да биде продолжен за дополнителни 12 месеци. Репрезентативецот на Португалија придонесе со 68 гола и 57 асистенции во неговите 201 настапи во сите натпреварувања, освојувајќи го Карабао купот во неговиот досегашен период на „Олд Трафорд“.


„Црвените ѓаволи“ немаат голема желба да се разделат со толку клучна фигура во својот тим, особено во овој момент, кога тимот е во сериозна криза. Сепак, генерирањето на толку голема сума пари од продажбата на еден играч во голема мера ќе ги зголеми нивните шанси за засилување на неколку позиции.


Евентуалната продажба на Бруно Фернадеш би можела да помогне и на друг начин. Не е тајна дека Јунајтед има сериозни проблеми со финансискиот фер-плеј, по неодамнешните тврдења дека ќе мора да одат на „евтини зделки“ доколку сакаат да прават бизнис во јануари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови