Бразилскиот ас Нејмар би можел да се врати во родната земја и кариерата да ја продолжи во Сантош, потврди претседателот на бразилскиот клуб.
ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар, подготвен е предвремено да го исплати до крајот на договорот или да го испрати на позајмица и да плаќа половина од неговата плата.
Сантош ја разгледува можноста да го врати своето дете во клубот, а претседателот потврди дека разговарал со таткото на Нејмар.
„Често разговарам со таткото на Нејмар и прашувам што се случува со него во ПСЖ. Сантош секогаш ќе ја остави вратата отворена за него и ќе продолжиме да сонуваме. Кога замина, Нејмар кажа дека еден ден ќе се врати, па моја обврска е барем да се обидам“, изјави претседателот на Сантош, Руеда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













