Англискиот фудбалер Џејдoн Санчо би можел да добие нова можност во Манчестер Јунајтед доколку клубот го назначи Џејсон Вилкокс за директор за фудбалски операции, тврди manchestereveningnews.co.uk.
Вилкокс го познава Санчо од нивното време заедно во академијата на Манчестер Сити пред неколку години.
24-годишниот играч од средниот ред моментно е на позајмица во Борусија Дортмунд. Токму од германскиот клуб тој дојде во редовите на „црвените ѓаволи“, но не само што не успеа да се наметне, туку по конфликтот со менаџерот Ерик тен Хаг беше отстранет од тимот.
Санчо мина неколку месеци надвор од тимот пред да се врати во вицешампионот на Бундес-лигата на позајмица во јануарскиот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













