Јувентус можеби нема да е единствениот клуб во Серија А со одземени бодови оваа сезона. Според „Газета дело спорт“, оваа судбина и се заканува и на Сампдорија.
Со слична казна се соочуваат и „морнарите“ доколку до 16. февруари не ги исплатат платите на играчите и персоналот за последниот квартал од минатата година. Долговите се околу 11 милиони евра.
Дополнително, денеска сопствениците од семејството Фереро треба да направат капитална инјекција од 35-50 милиони евра. Со оглед дека Масимо Фереро, кој поднесе оставка како претседател на клубот по неговото апсење во декември 2021 година, со месеци преговара за продажба на клубот, тешко дека ќе има таква уплата.
Во моментов Сампдорија е на претпоследната 19. позиција на табелата со само девет освоени бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













