Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ремизираше (1-1) на гости против Фарски Острови во третиот меч од квалификациите за ЕП 2023. Селекцијата на Драги Канатларовски нема победа по три меча и ќе се обиде да оствари триумф на следниот дуел против Ерменија.

Не беше лесно во Клаксвик како што некои замислуваа, а Фарски Острови поведе со голот на Андрас Јохансен во осмата минута. Македонија не успеа да возврати до одморот.
Во второто полувреме Канатларовски направи неколку промени и нашата селекција почна да функционира подобро. Успеавме да израмниме до голот на Марко Ѓорѓиевски во 55.минута, на асистенција на Антовски. До крајот, сепак, Фарски Острови успеа да го сочува ремито.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













