Напаѓачот на англискиот првак Ливерпул во тешките времиња на пандемија со коронавирус му помага на родното село во египетската регија Гарбија. Земјата се бори со вториот бран на Ковид-19, а Салах испрати помош.
„Во добротворна акција од Мохамед Салах добивме 14 боци кислород. Тоа е помош за луѓето од селото Нагриг и оние од околните села. Имаме и амбулантна единица која ја изгради Мохамед Салах во 2020 година. Тоа исто така многу ни помогна за транспорт на заболените од коронавирус“, изјави Хасан Бакр, организаторот на добротворната акција.
Салах одржува силни релации со сиромашното село Нагриг во кое е роден и израсна, лоцирано околу 130 километри северно од Каиро.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













