Connect with us

Сѐ поголема е тензијата во Реал: Поголем број фудбалери се фрустрирани од Карло Анчелоти

Реал Мадрид е на пат кон титулата во Ла Лига, но има сериозна тензија во соблекувалната на тимот, тврдат дел од шпанските медиуми. Неколку играчи на „кралскиот клуб“ се незадоволни од тренерот Карло Анчелоти, а тоа може да има негативно влијание врз резултатите на тимот.


Сигурно меѓу оние на кои не им се допаѓа нивниот статус досега е и Лука Модриќ. Хрватскиот ветеран се помалку е во стартниот тим, иако викендов влезе од клупата против Севилја и го постигна единствениот за победа од 1-0.

Во неволја со Анчелоти се и Арда Ѓулер, Начо Фернандез и голманот Кепа Аризабалага.

Ѓулер пристигна со големи надежи минатото лето од Фенербахче, но беше повреден и едвај играше од неговото опоравување.

Начо чувствува дека ја нема целосната доверба од тренерот, кој неколкупати го менуваше кога работите не одеа добро за Реал, а Кепа е фрустриран од неизвесноста кој е стартен голман меѓу него и Андриј Лунин.

Реал Мадрид ја предводи Ла Лига со 65 бодови, шест повеќе од второпласираната Џирона. Во Лигата на шампионите, Реал е во осминафиналето и го доби првиот натпревар против Лајпциг со 1-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови