Фрацускиот стратег Руди Гарсија ќе остане на клупата на Наполи, откриваат италијанските медиуми. Тој имал разговор со претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис, и добил поддршка, со напомена дека резултатите и играта на тимот мора да се подобрат во наредниот период.
Наполи во следното коло во Серија А игра против Верона, а потоа го очекува и дуел против Унион Берлин во Лигата на шампионите. Раководството на „наполитанците“ очекува Руди Гарсија да ги добие овие два меча и да ја стабилизира формата на тимот.
Наполи во моментот се наоѓа на петтата позиција на табелата во Серија А, со седум бода заостанување зад лидерот Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













