Португалскиот ас Кристијано Роналдо уште еднаш го покажа својот победнички карактер. Иако не реализира пенал во 15.минута, во самиот финиш успеа да постигне два гола за триумф на селекцијата на Португалија (2-1) против Република Ирска. Воедно, со овие голови Роналдо го урна и рекордот на Али Даеи како најдобар светски голгетер во репрезентативниот фудбал.
„Во фудбалот мора да веруваш до крај дека можеш да победиш. Не реализирав пенал и искрено, бев разочаран десетина минути. Но, потоа животот оди понатаму, а многу ги посакував победата и рекордот. Се трудевме, баравме начин за гол до самиот крај и тоа на крај се исплатеше“, изјави Кристијано Роналдо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













