
Португалскиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, е суспендиран од Англиската фудбалска асоцијација (ФА) на два натпревари, бидејќи му го исфрлил телефонот од рака на млад навивач на Евертон.
На снимката од инцидентот се гледа како Роналдо го удира телефонот додека се спушта по тунелот по поразот на „Гудисон Парк“ во април, објави „Би-Би-Си“.
Роналдо, кој вчера со заедничка согласност го раскина договорот со Јунајтед, откако го критикуваше менаџерот Ерик Тен Хаг, исто така беше казнет од ФА со 50.000 фунти.
Роналдо казната ќе ја отслужи во секој нов клуб од Премиер-лигата. Казната не се применува на континентално клупско ниво, како што е натпреварувањето во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
