Само неколку дена откако стана нов играч на саудискиот клуб Ал-Наср, Кристијано Роналдо, веќе побара од раководството на клубот да му исполнат дел од желбите кога се во прашање играчите во клубот.
Роналдо со Ал-Наср потпиша договор на две и пол години, а годишно ќе заработува околу 200 милиони евра. Во таа сума е вклучен и комерцијалниот дел од договорот, но бројките на Роналдо се навистина неверојатни.
Ова е секако највисоката плата во историјата на фудбалот, но Роналдо веќе почна да се занимава со други работи во клубот.
Така, само неколку дена по потпишувањето, тој побара од раководството да го доведат неговиот сонародник и пријател Пепе во Ал-Наср.
Пепе, кој има 39 години, моментно настапува за Порто и има договор до крајот на сезоната, а Роналдо потоа сака да го види во Ал-Наср.
Роналдо и Пепе се пријатели откако заедно играа во Реал Мадрид, а секако заедно ја делат и соблекувалната во репрезентацијата на Португалија.
Ал-Наср ќе го слуша Роналдо затоа што не сакаат да го налутат, а ќе се потрудат веќе во јануари да го доведат Пепе во клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













