Легендата Кристијано Роналдо го прекина молкот по елиминацијата на Португалија од ЕВРО 2024 по изведувањето пенали од Франција. Напаѓачот испрати порака до своите соиграчи, сонародници и сите останати, јасно изјавувајќи дека тој и останатите играчи на „морепловците“ посакувале повеќе и заслужиле повеќе од постигнатото.
Роналдо, за кого долго време се шпекулира дали конечно ќе стави крај на кариерата во националниот тим, имаше недвосмислена најава дека планира да продолжи да биде дел од селекцијата на Роберто Мартинез.
„Заслуживме повеќе. За нас. За секој од вас. За Португалија. Благодарни сме за сè што ни дадовте и сè што сме постигнале досега. На теренот и надвор од него, сигурен сум дека ова наследство ќе биде почитувано и ќе продолжиме да го надградуваме. Заедно,“ напиша Кристијано Роналдо на „Инстаграм“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













