Connect with us

Роналдо: Можам да кажам добри зборови само за тројца соиграчи од Манчестер Јунајтед

Детали за експлозивното интервју на Кристијано Роналдо со Пирс Морган се појавија откако синоќа беше објавен првиот од двата дела од интервјуто, а вториот ќе следи вечерва.


Жестокиот напад на Роналдо на клубот кој го прослави е главна тема веќе петти ден. Еден од најдобрите фудбалери во историјата минатото лето се врати во Манчестер Јунајтед, 12 години откако го напушти клубот во кој се прослави. Сепак, сега 37-годишната суперѕвезда и паднатиот џин на светскиот фудбал не се ни блиску до ерата од почетокот на милениумот. Поточно, и на играчот и на клупскиот гигант им оди лошо откако се обединија.

Роналдо сакаше да си замине летово бидејќи Јунајтед не ја освои Лигата на шампионите, но никој не го сакаше поради неговата возраст, огромната плата и поради тоа што повеќе не може да одговори на барањата на врвниот фудбал. До тоа „совршено“ дојде и новиот менаџер Ерик тен Хаг и го смести Роналдо на клупата, давајќи му реални можности само во Лига Европа, која е третокласна конкуренција за Јунајтед и Роналдо.

Поради ова Роналдо се распадна и во интервју кое пет дена е топ тема, се нафрли на клубот кој го прослави и неговите клучни фигури и легенди. Роналдо откри дека само за тројца соиграчи има добро мислење, додека за останатите, особено за помладите нема ништо добро да каже.

„Младите фудбалери на Манчестер Јунајтед не слушаат ништо. Срамота е што кога го имаат најдобриот пример пред себе, барем не се трудат да го следат. Од играчите на Јунајтед можам позитивно да издвојам само тројца. Диого Далот е многу професионален иако е млад и не се сомневам дека ќе издржи долго. Тој е паметен, интелигентен и многу професионален. Можам да ги споменам и Лисандро Мартинез и Кашемиро“, изјави Роналдо.

Тој ги критикуваше своите млади соиграчи.

„Не почитуваат поискусни и повозрасни играчи, живеат во друга ера. Морам да кажам дека мојот син кој има 12 години го нема тој менталитет. Младите играчи во денешно време доаѓаат до некои работи многу полесно, воопшто не се замараат, не им е баш гајле. Се преправаат дека слушаат, но тоа оди во едното уво, а од другото излегува. Тоа не ме чуди, но навистина е штета што кога го имаат најдобриот пример пред себе, не се ни трудат да го следат“, посочи Португалецот.

Тој објасни и на кого мислел…

„Јас сум тој пример. Секое утро јас сум првиот што пристигнува и последен што заминува од тренинзите на Манчестер Јунајтед“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови