
Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер Јунајтед, а досега во текот на летото беше понуден на неколку клубови. Но, неговиот агент Жорге Мендеш се чини претера, па го понуди и на Барселона.
Мендеш и Лапорта наводно ја разгледуваат можноста Португалецот да дојде во каталонскиот клуб, кој беше негов голем ривал додека играше за Реал Мадрид.
„Лапорта минатото лето веќе провери дали Роналдо е на располагање, но тешката финансиска ситуација во клубот го оневозможи сериозно да пристапи кон работата“, тврди шпанскиот весник „АС“ кој прв информираше за контактите и за можното „големо предавство“.
Роналдо девет години беше дел од големиот ривал Реал Мадрид и е најдобриот стрелец во историјата на „кралевите“.
Сепак, приоритет на Барселона и понатаму е Роберт Левандовски кој од Баерн Минхен треба да пристигне на „Камп Ноу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
