Connect with us

Роналдо беснееше по судии и туркаше луѓе што бараа селфи (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо ги загуби нервите доцна во првото полувреме од натпреварот од азиската Лига на шампиони против Шабаб Ал-Ахли. Додека играчите се движеа кон тунелот на пауза, Португалецот му се развика на судијата, а потоа со гради на теренот удри човек кој сакаше да направи селфи со ѕвездата.

Гневот на Кристијано беше предизвикан од два спорни моменти во противничкиот шеснаесетник.

Откако судијата означи крај на првото полувреме при резултат 1-1, Роналдо почна да му вика на главниот судија од Кина, Фу Минг, мавтајќи со раката в лице. На пат кон соблекувалната неколку пати го стави прстот на око и извика: „Разбуди се, разбуди се, по ѓаволите!“

Во тој момент на патот му се испречи човек од службените лица на натпреварот кој имаше намера да направи селфи со него. Лутиот Роналдо, сепак, не само што не застана, туку го удри човекот во градите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови