МАКФУДБАЛ во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) на Националната арена во Букурешт ги стартува квалификациите за Светското првенство во Катар против селекцијата на Романија. Домаќините со голем респект гледаат на Македонија, се воодушевуваат на капитенот Горан Пандев кој и со 37 години со љубов игра во македонскиот дрес, а најмногу стравуваат од „дијамантот“ Елиф Елмас.
Во спортскиот весник „Газета Спортурилор“ посебно внимание му е посветено на Елмас, кој е наречен „Дијамантот од Скопје“.
„Елиф Елмас е суперталентиран фудбалер кој игра за италијанскиот калчолигаш Наполи. Способен е сам да направи магија и да ја надмудри противничката одбрана. На него мора сериозно да се внимава доколку не сакаме изненадување. Македонија е учесник на Европското првенство, мошне квалитетна фудбалска селекција во која лидер е безвременскиот Горан Пандев, но вистинската опасност сепак се чини дека доаѓа од младиот Елмас. Тука се и Несторовски, Барди, Алиоски, тие се навистина квалитетен тим предводен успешно од селекторот Игор Ангеловски“, пишува „Газета Спортурилор“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski