Романскиот фудбалер Роланд Станеску го загубил животот скокајќи од четврти кат од станбена зграда во Волунтари, откако претходно ги пресекол и вените, јавуваат медиумите во оваа земја.
32-годишниот поранешен напаѓач на Петролул, Дачија и на Ариес неодамна имаше психички проблеми, а ова е барем негов втор обид за самоубиство. Пред 10 години си ги пресекол вените, откако дознал за скандал меѓу неговите родители. Сепак, лекарите успеале да му го спасат животот.
„На 2 јули околу 15 часот и 38 минути полицијата добила пријава за скок од прозорец. Дежурните службеници заедно со две медицински екипи излегле на местото на настанот. Лекарите извршиле реанимација, но за жал само констатирале смрт на Станеску“, се вели во соопштението на полицијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













