Италијанскиот калчолигаш Рома размислува за понуда за 18-годишниот бразилски напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик, пренесува шпанскиот весник „Спорт“. Ендрик пристигна во Мадрид од бразилскиот Палмеирас со трансфер вреден 47,5 милиони евра во јули, но досега не добива значајна минутажа.
Тој има одиграно само 129 минути во сите натпреварувања, но, сепак, успеа да постигне два гола во тоа ограничено време. Според каталонскиот „Спорт“, управата на Реал Мадрид планира да го испрати младиот Бразилец на позајмица во друг тим следното лето.
Покрај Рома, интерес за играчот покажуваат и клубови како Валјадолид и Саутемптон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













