Connect with us

Рома ќе го „украде“ Паредес пред носот на Јувентус?

Рома ќе се обиде да му го ‘украде’ Леандро Паредес на Јувентус, тврди „Тутомеркато“. Аргентинецот е многу посакуван од „бјанконерите“, кои ги договорија повеќето детали од договорот со Пари Сен Жермен. Сепак, трансферот се уште не е финализиран, бидејќи клубот од Торино не може да направи простор за овој играч во својот тим.


Првично се шпекулираше дека Паредес ќе биде замена за Адриен Рабио, кој беше пред трансфер во Манчестер Јунајтед. Сепак, договорот за трансфер на Французинот во редовите на „црвените ѓаволи“ пропадна. После тоа Јуве се надеваше дека ќе успее да го продаде Артур Мело, но во моментов нема интерес за Бразилецот. Така клубот е ставен во ќорсокак и не може да ја финализира зделката за 28-годишниот Аргентинец.


Во меѓувреме, Рома будно ја следи ситуацијата и е подготвена да достави понуда за играчот од средниот ред на ПСЖ. Згора на тоа, клубот остана без новото засилување Џорџинио Вајналдум, кој се повреди на тренинзите и ќе отсуствува неколку месеци.


Доколку дојде до трансфер на Паредес во Рома, тоа ќе биде своевидно враќање на играчот на „Олимпико“. Тој играше две сезони за „волчицата“, прво на позајмица во сезоната 2014/15, а потоа на постојан трансфер во 2016.17.


Аргентинецот има 52 натпревари и седум гола за Рома.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови