Рома нема да може да смета на својот капитен Лоренцо Пелегрини околу еден месец, објавија италијанските медиуми.
Фудбалерот за врска имаше детален лекарски преглед, кој потврди дека има контузија во десната надколеница.
Пелегрини се повреди при победата од 4-0 над Сервет во Лигата на Европа. Поради ова, не доби повик од Лучијано Спалети за октомвриските евроквалификации, а Рома се надева дека тој навреме ќе се опорави за градското дерби со Лацио на 12 ноември. Пред тоа „волчицата“ имаа дуели со Монца, Славија Прага (двапати), Интер и со Лече.
Претходно денеска Рома објави дека и Пауло Дибала ќе паузира околу еден месец поради повреда на коленото.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













