Роберт Стојановски, кој официјално ја водеше Македонија на натпреварот против Казахстан поради суспензијата на селекторот Благоја Милевски, изрази задоволство од победата во Астана, но и објасни зошто играта на националниот тим падна во второто полувреме.
„Одигравме две сосема различни полувремиња. По мечот со Белгија, кој беше исклучително интензивен, беше јасно дека не можеме да го одржиме истото темпо. Затоа на полувреме се договоривме да бидеме повнимателни и да ја сочуваме енергијата до крајот“, истакна Стојановски на прес-конференцијата.
Казахстанците беа опасни – дури трипати ја погодија рамката од голот на Димитриевски, но не успеаја да реализираат. Сепак, Македонија издржа и го задржа водството обезбедено преку Трајковски во првото полувреме.
„Не секогаш добрата игра носи победа – најдобар пример сме ние против Белгија или Велс. Сега можеби не игравме блескаво во второто полувреме, но имавме контрола. Знаевме точно каде е најголемата опасност од противникот и успеавме да ја неутрализираме“, додаде Стојановски.
Македонија со оваа победа останува во трка за пласман на Светското првенство 2026, а стручниот штаб може да биде задоволен од начинот на кој селекцијата реагираше на тежок меч во Астана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













