Битола утре ќе биде во фокусот на јавноста со оглед дека на стадионот „Петар Милошевски“ ќе се игра вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар. Дефанзивецот на битолскиот тим, Александар Ристевски, најавува дека Пелистер ќе атакува на трите бода.
„Утре се игра најголемото дерби во македонскиот фудбал, Пелистер – Вардар. Горд сум што ќе го носам дресот на Пелистер и ќе се борам за клубот и за градот. Сигурно дека мотивацијата нема да изостане, ќе биде на највисоко ниво. Секако дека Вардар максимално го респектираме и почитуваме, но утре одиме на три бода. Утре играме за град, за клуб, за навивачи и за нас“, изјави Александар Ристевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













