Connect with us

Рикардо Кака сака да стане тренер

Поранешниот бразилски репрезентативец Кака во иднина ќе стане тренер. Во мај, Кака заврши курс на академија на Бразилската фудбалска конфедерација и ја доби својата лиценца А, сертификат што го бара конфедерацијата за секој што има намера да тренира професионални тимови во Бразил.


„Намерата ми беше циклусот на студии што ги посетувам да го затворам со тренерски курс. Го завршувам четвртиот курс по спортски менаџмент. Би сакал да бидам и тренер. Го затворам тој циклус оваа година“, изјави Кака.

Поранешниот играч за врска на Милан и Реал Мадрид изјави дека сака да ужива на Светското првенство во Катар, а потоа следната година ќе почне посериозно да размислува за евентуален тренерски ангажман.

Кака за Бразил играше 92 пати и постигна 29 гола, а во кариерата покрај за Милан и за Реал настапуваше и за својот матичен клуб Сао Паоло и за Орландо Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови