Пишува: Никола Ѓуровски
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев синоќа по полноќ пристигна во Македонија заедно со Илија Несторовски и ќе му биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски за полуфиналната плејоф пресметка против Косово на 8 октомври во Скопје. Два чекора ја делат Македонија од пласман на Европско првенство и „сега е наше време“ тоа да се реализира.
По многу проблеми со коронавирусот во Џенова, откако најголемиот дел од неговите клупски соиграчи беа позитивни на Covid-19, Пандев помина низ вистински „пекол“, дури осум пати беше тестиран пред да добие дозвола да отпатува за Македонија.
За жал, коронавирусот го зафати талентираниот Елиф Елмас во Наполи и тој нема да биде дел од националниот тим за овој историски дуел со Косово, како и на останатите два меча од тековната сезона во Лигата на нации.
Во текот на денот треба најголем дел од репрезентативците да пристигнат во базата, веднаш ќе бидат повторно тестирани на Covid-19, а потоа и ќе го одржат првиот тренинг, кој е закажан за 17.30 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













