Првата фудбалска лига на Македонија би можела да стартува со 11 тима, откако повторно владее огромна неизвесност дали Ренова ќе се натпреварува во елитата во претстојната сезона 2022/23. Според неофицијални информации од Тетово, повторно е актуелно откажувањето на настапот откако раководството на клубот не нашло заеднички јазик со австриските спонзори кои требаше да помогнат за средување на финансиската состојба.
Се работи за менаџерска агенција од Австрија која требаше да доведе осум странци, кои заедно со некои млади фудбалери што се уште не заминале во други клубови, можеа да формираат тим што барем ќе се натпреварува во прволигашката конкуренција. Но, како што се ближи почетокот на првенството, се чини дека нема ништо од „дилот“ и дека Ренова во наредните неколку дена и официјално ќе го извести ФФМ дека нема да учествува во новото фудбалско првенство на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













